Македонија остана на 133-то место на ФИФА листата!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Изминатиот месец националните селекции не беа активни, на новата ФИФА ранг листа нема посериозни промени, па Македонија го задржа 133-то место.

Момците на Ангеловски остануваат на скокот од минатиот месец, благодарение на победите над Лихтенштајн и Белорусија.

Од селекциите кои се во нашата група најдобро рангирана е Шпанија која е на 10-то место, Италија е 12-та, Израел се наоѓа на 63-та позиција, три места подолу е Албанија, а од нас послаб е само Лихтенштајн кој е на 189-та место.

Нема промени ниту меѓу најдобрите десет селекции, Бразил и понатаму е прв, следуваат Аргентина, Германија, Чиле, Колумбија, Франција, Белгија, Португалија, Швајцарија и Шпанија.