Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонија со вербална нота го информираше нашиот јужен сосед дека нашата страна го ратификуваше Преспанскиот договор за решавање на деценискиот спор за името.
МНР вечерва,соопшти дека денеска на шефот на Канцеларијата за врски на Грција во Македонија, му ја предала Вербална нота со која, согласно членот 20 став 3 од Конечната спогодба за решавање на разликите околу името ја информира грчката страна дека во земјава се исполнети внатрешно правните услови за влегување во сила на
Конечната спогодба и дека Собранието на Македонија на 11 јануари ја усвоило одлиуката за менување на Уставот и за прогласување на уставниот закон за спроведувањена амандманите на Уставот.