Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Студенти и дипломирани од Институтот за родови студии и семејни студии преку петиција се обраќаат до Министерство за труд и социјална политика – МТСП. Бараат што поскоро да се вметне нивниот профил семејнолог и стручњак по родова проблематика во Законот за социјална заштита. До сега во неколку наврати се обратиле до МТСП, но од таму нема никаков одговор.
Во 2019 год. кога се носеше новиот Закон за социјална заштита овие профили влегле во член 194, но недостасуваат во член 197, тоа е токму оној член кој овозможува било кој од овие профили да биде вработен во установа за социјална заштита. Така по завршување на своите студии овие кадри се прашуваат: Каде е нивното место? Зошто државата која им понудила образование, не сака да ги препознае како профил?
Писмото кое ќе биде испратено и до Народен првобранител, ви го пренесуваме во целост:
Во Законот за социјална заштита, дипломираните семејнолози и стручњаци по родова проблематика се предвидени како кадри во установите за социјална заштита во член 194 (Стручните работи во установите за социјална заштита во зависност од видот на работата, ги вршат стручните работници: – со високо образование: дипломиран социјален работник, правник, дипломиран по јавна администрација/јавен менаџмент, психолог, педагог, дефектолог/специјален едукатор и рехабилитатор, социолог, економист, андрагог, логопед, лекар, специјален педагог за превенција ресоцијализација, здравствен работник, воспитувач, стручњак по родова проблематика, семејнолог).
Меѓутоа, направен е превид во Законот, па профилот семејнолог и профилот стручњак по родова проблематика отсуствуваат во членот 197 од Законот, којшто ги предвидува категориите на работни места на вработените во јавните установи за социјална заштита.
На овој начин директно се прекршуваат правата на дипломираните студенти (семејнолози) на Институтот за семејни студии и дипломираните студенти (стручњаци по родова проблематика) на Институтот за родови студии при Филозофскиот факултет – Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ да се вработуваат како стручни соработници во установите за социјална заштита во Република Северна Македонија.
Затоа, потребно е да се направи измена на Законот, со која ќе се дополни членот 197, односно (за вработените од ставот 1 на овој член се утврдуваат следниве категории на работни места:
-категорија А стручни (дипломиран социјален работник, психолог, андрагог, педагог, правник, економист, лекар, дефектолог, логопед, специјален педагог за превенција и ресоцијализација, социолог, здравствен работник, воспитувач и други)… да се додаде семејнолог и стручњак по родова проблематика во категорија А стручни.
-ниво А4 самостоен стручен службеник во јавните установи (правник, економист, дипломиран, дипломиран социјален работник, психолог, педагог, лекар, дефектолог, андрагог, логопед, лекар, специјален педагог за превенција и ресоцијализација, здравствен работник, воспитувач и социолог )… да се додаде семејнолог и стручњак по родова проблематика во ниво А4.
-ниво А5 стручен службеник во јавните установи (правник, економист, дипломиран, дипломиран социјален работник, психолог, педагог, лекар, дефектолог, андрагог, логопед, лекар, специјален педагог за превенција и ресоцијализација, здравствен работник, воспитувач и социолог )… да се додаде семејнолог и стручњак по родова проблематика во ниво А5.
Студенти и дипломирани на Институт за родови студии и семејни студии