Македонија носител во квалификациите за ЕП 2020


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Машката ракометна репрезентација на Македонија од првиот шешир ќе ги дознае имињата на противниците во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година што ќе се одржи во Норвешка, Шведска и Австрија.

ЕХФ утрово ги објави „шеширите“ за ждрепката, а Македонија првпат во своето постоење има улога на носител.

Ова значи дека во квалификациите „црвено-жолтите“ ќе избегнат Франција, Хрватска, Данска, Германија, Словенија, Белорусија и Унгарија.

На ЕП ќе играат 24 екипи што е втор олеснителен фактор бидејќи тоа значи пласман ќе обезбедат сите први и втори места од осумте квалификациски групи, како и четирите најдобри трети.

Шешир 1: Франција, Хрватска, Германија, Данска, Словенија, Белорусија, Унгарија, Македонија.
Шешир 2: Русија, Чешка, Полска, Исланд, Србија, Црна Гора, БиХ, Холандија, Португалија.
Шешир 3: Летонија, Литванија, Швајцарија, Словачка, Украина, Израел, Турција.
Шешир 4: Финска, Белгија, Естонија, Грција, Романија, Италија, Коово, Фарски Острови.