Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонија никому не ја даваме, Македонија никому не ја продаваме. Името на нашата држава е Македонија. Така било и така ќе остане, порачаа учесниците на вечерашниот протест пред Собрание.
„Бараме итен крај на разговорите за името на државата. Отфрламе референдум за името. Ја повикуваме власта да се откаже од намерата за промена на власта, ја охрабруваме опозицијата да го одбрани името и идентитетот на македонскта нација. Тој аманет од историјата мора да го иполниме. Велепредавниците кога тогаш ќе бидат извадени пред судот на народот. Отфрламе двојазичност затоа што ја руши унитарноста и ја менува етничката карта на Македонија“, порачаа учесниците.
Тие рекоа дека го отфрлаат и договорот со Бугарија поради ревизија на македонската историја затоа што го негира постоењето на македонскиот народ и јазик и го негира постоењето на Македонците во Бугарија.
Учесниците побараа и слобода на, како што рекоа, уставобранителите кои ја бранеа демократијата на 27 април во Собранието на Македонија и ослободување на Едмонд Темелко.
„Повикуваме на семакедонско помирување и обедунување затоа што силата е во единството. Иако сме далеку од нашиот дом подеднакво ја сакаме родината, тука имаме имоти, роднини тука ни се корените, тука се гробовите на нашите прародители. Македонија припаѓа на сите Македонци во светот. Никогаш не заборавајте – со вера во Бога заедно и тука и насекаде ќе ја браниме и одбраниме Македонија“, порача еден од говорниците, претставник на дијаспората во Европа.
На протестот е обрати и Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор на Австралиско-новозеландската епархија, г. Петар кој порача дека само Господ може да ја спаси Македонија.
Извор: Макфакс