Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонија нема да ја менува содржината на унилатералната изјава поврзана со македонскиот јазик која владата ја достави до ЕУ на првата меѓувладина конференција пред два дена.
Одлуката е донесена по консултациите кои се воделе во македонското МНР околу содржината на изјавата откако на неа реагираа научниците од МАНУ, Институтот за македонски јазик, за македонска литература, Филолошкиот факултет и други институции, оценувајќи дека изјавата недоволно го штити не само историски континуитет на јазикот, туки ни неговата иднина во ЕУ.
Министерството за надворешни работи во соопштението по реакциите за изјавата објаснува дека изјавата била со цел да се осигура употребата на чиста формулација за македонскиот јази како службен јазик во земјава и нејзините меѓународни односи, без какви било објаснувања.
„Pоради ограничувањата поврзани со форматот и целта на унилатералната изјава, наведени се само неколку информации и податоци поврзани со јазичниот, просторен и временски континуитет на македонскиот јазик кој низ вековите растел, се развивал и се издигнал во наддијалектен, национален стандарден јазик на македонскиот народ како и неговото значајно место во славистиката и лингвистичката наука“, се наведува од МНР, пренесува Телма.
Но ако македонскиот јазик е затворено прашање, промената на Уставот без која не може да започне втората фаза од преговорите со Европската унија – отворањето на кластерите и поглавјата, ќе го чека крајот на летниот распуст на Собранието.
Маричиќ кој денеска објаснуваше како ќе се одвиваат фазите во пристапните преговори најави дека тој лично се надева дека скрининг фазата на усогласеност на македонското законодаваство со европското, но и кои обврси ќе ги има земјава во текот на преговорите во делот на усогласувањето, а која треба да започне кон средината на септември најбрзо би можела да се заврши за 16 месеци. Потоа, вели Маричиќ, стартот на втората фаза ќе зависи само од уставните измени.
Маричиќ кој во 2018 од владата беше определен како технички преговарач на земјава со Унијата, денеска најави измени во преговарачката структура на тимот, условено, како што рече, од новата методологија за преговори со Унијата.
Тој притоа не сакаше да открие кој ќе биде политички, а кој технички преговарач, најавувајќи дека официјално сите имиња и структурата на преговарачките тимовите ќе бидат објавени кон крајот на август или почетокот на септември.