Македонија не даде голем отпор – Шпанците рутински подобри во Скопје


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација загуби вечерва од Шпанија со 2:1, во рамки на квалификацискиот натпревар за пласман на Светското првенство во Русија.

Искусниот шпански тим одигра онолку колку што беше потребно за да си замине од Скопје со трите бода, а во тоа им помогнаа и македонските фудбалери, со слабата и анемична игра.

Поведе Шпанија со голот на Давид Силва, постигнат во 15 минута, а на 2:0 зголеми Диего Коста, во 27 минута.

Во второто полувреме македонската репрезентација заигра поангажирано, што резултираше со прекрасен гол на Стефан Ристовски во 66 минута.

До крајот на мечот Шпанците успеаја да го сочуваат резултатот, а Македонија барем малку да го поправи впечатокот од лошото прво полувреме.

Следниот натпревар Македонија му гостува на Израел на 2 септември.