Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од Министерството за одбрана известија дека Македонија купува систем за против-воздушна одбрана од 66 милиони евра. Наредниот месец ќе биде платена првата од четири рати за наредните три години.
На прашањето, дали ова е неопходен трошок во време на економска криза, министерката за одбрана вели дека се работи за долгорочен проект, но и обврска како дел од колективниот одбранбен систем. Оружјето ќе може да се користи за три години.
Министерката Славјанка Петровска тврди дека немаме безбедносна закана од воздух, но системот е неопходно да се набави. „Во моментов не постои опасност за некаков напад врз нашата земја, но инвестициите во одбраната, како што е набавката на современ систем за воздушна одбрана, е дел од стратешкото и долгорочно планирање на одбраната“, вели министерката за одбрана.
Оружјето е од француско производство и решението за набавка е донесено без меѓународен тендер, одлуката ја донела работна група на МО.
Оружјето се купува за да се постигне интероперабилност со операциите на НАТО но и за обезбедување на територијалниот суверенитет и интегритет на Македонија, велат од МО.