Home Актуелно Македонија „како Амстердам“: Заев најави декриминализација и легализација на канабисот во туристички и угостителски цели

Македонија „како Амстердам“: Заев најави декриминализација и легализација на канабисот во туристички и угостителски цели

Македонскиот премиер Зоран Заев, во интервју за Дојче, го најави планот за декриминализација и легализација на марихуаната е дел од поширок економски пакет со кој сака да ја стимулира домашната економија.

„Идејата е да се даде можност во туристичките места, вклучително и Скопје, кафулињата, постојни и нови, со почитување одредени стандарди – вентилација, доказ за потекло на марихуаната и сл., да се овозможи консумација на марихуана внатре во нив“, вели Заев.

Тој додаде дека стандардите ќе бидат исти за сите и секој ќе може да аплицира.

„Верувам за мала земја, тоа може да донесе сериозен развој за угостителството и туризмот, имајќи ги посебно предвид нашите прекрасни туристички места: Струга, Охрид, Ресен, Дојран, Скопје, Берово, Маврово и сите други места“, вели Заев.

Во тој економски пакет влегува и проектот за легализација на возила со странски таблички, легализација на готови пари и имоти, продажба на земјоделско земјиште и новиот закон за данок на имот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…