Македонија има шарпланинец СВЕТСКИ ШАМПИОН!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кучето Дичо од Каравилоски во сопственост на нашиот познат одгледувач на расата Владо Каравилоски стана светски шампион.

Македонија доби светски шампион. Тоа е куче од расата шарпланинец. Имено во Германија поточно градот Лајпциг се оддржа Светска изложба за сите видови раси на кучиња, на која нашиот шарпланинец се здоби со највисокото признание, светски шампион.

Браќата Владо и Александар Каравилоски од Прилеп подолго време се занимаваат со одгледување на нашата гордост и со него редовно настапуваат на изложби низ Европа и светот.