Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Македонската младинска селекција денес со почеток од 14:00 часот го одигра натпреварот за петото место на Светското првенство во Алжир за играчи до 21 година против селекцијата на Унгарија во кој запиша пораз со резултат 22:26
Момците предводени од Илија Темелковски одиграа натпревар во кој скоро во текот на целиот натпревар имаа негатива од два до три гола разлика. На полувремето Унгарците заминаа со предност од 11:14.
Во вториот дел натпреварот продолжи со исто темпо, а како што се наближуваше крајот на средбата тие успеаа и да ја зголемат предноста за на крај да слават со четири гола разлика.
Со овој праз Македонија на Светското првенство Алжир завршува како шесто пласирана селекција и сигурно дека мораме да бидеме задоволни и гроди на момците кои даваа се од себе во секој натпревар.