Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со прифаќање на сугестиите за заедничко чествување, македонската Влада на вчерашната седница донесе одлука заедно со Бугарија да ги одбележуваат деновите посветени на цар Самуил, Свети Наум, Свети Климент и Светите Кирил и Методиј.
Сугестиите за заедничко чествување се дадени од меѓувладината Комисија меѓу Македонија и Бугарија. Двете страни се согласиле да го промовираат договореното и во најкус можен рок да ги усогласат датумите и заедничките одбележувања.
Од Владата информираат дека двете страни се согласуваат да го промовираат договореното и во најкус можен рок да ги усогласат датумите и заедничките одбележувања.. Се прифаќаат и заедничките принципи и забелешки за содржината на учебниците за 5 одделение во Бугарија и за 6 одделение во земјава.
Владата во исто време бара заедничката мултидисциплинарна експертска комисија решително да ја забрза својата активност за значајни теми како Гоце Делчев и Илинденското востание и други и да настојува да се постигнат реални резултати до крајот на 2019 година, во однос на содржината на учебниците.