Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На 11 Октомври, датум кој останува врежан во македонската историја, борците, здружени во одреди, ги кренаа пушките в рака и тргнаа во поход кон слобода, поход кој ги постави темелите на АСНОМ и формирањето на тогашна Социјалистичка Република Македонија.
78 години подоцна со положување свежо цвеќе во спомен- костурницата во Куманово им се оддаде почит на хероите од НОБ. Партизанот Никола Стојменовски се потсети на макотрпните напори за извојување победа над фашизмот, што потоа придонесе и за основање на државата.
Премиерот Зоран Заев, пак, нагласи дека „првата пушка“ од Куманово оставила траен белег во запишувањето на Македонија на мапата на народите во светот.
Дел од присутните не ја криеја гордоста за постигнувањата на своите претци.
Сепак, неколкумина граѓани не успеаја да ги пронајдат имињата на своите дедовци врежани на споменикот, а надлежните не се решиле да ја заменат старата табла со нова, каде би биле испишани паднатите херои кои го дале животот за Македонија.
Инаку денеска во Собранието, традиционално, беше врачена и наградата 11 Октомври за највисоко признание за животно дело. Во областа на науката наградата ја доби академик Љупчо Коцарев, а во областа на културата и уметноста – актерот Петар Мирчевски и писателот, Димитри Дурацоски.