Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Жан Клод Јункер, актуелен претседател на Европската комисија, на заедничката прес-конференција која ја одржаа со Заев и Хан, после нивната средба, направи еден гаф кој ги насмеа двајцата политичари до него.
Одговарајќи на новинарско прашање, Јункер кажа дека вратата за членство во ЕУ е отворена за земјите од Западен Балкан, притоа употребувајќи го уставното име на Македонија.
По тоа следуваше брзо поправање и на сугестија на еврокомесарот Хан се поправи дека наместо во Македонија, бил во Скопје.