Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Во најновиот извештај „Нации во транзиција“ на „Фридом хаус“, кој го анализира демократскиот прогрес на 29 држави во транзиција, Македонија е рангирана како хибриден режим
„Оваа година, за првпат во 21. век, форма на управување што преовладува во регионот на нации во транзиција е хибриден режим. Четири демократии паднаа во оваа сива зона откако непрекинатиот период на демократски пад започна во 2004 година: Унгарија, Црна Гора, Македонија и Србија. Во истиот период три авторитарни режими направија демократски чекори и се приклучија во редот на хибридни режими: Молдавија, Косово и сега Ерменија“, се вели во извештајот.
Според него, овие режими можат да бидат демократски во минимална смисла, односно да имаат редовни, конкурентни избори, но нивните нефункционални институции „не се во состојба да ги испорачаат дефинитивните компоненти на либералната демократија: проверка и баланс, владеење на правото и цврста заштита на правата и слободите на сите“.
На скалата од еден до седум, каде еден е најниско ниво на демократски прогрес, а седум највисоко, Македoнија е рангирана со оценка од 3,5 за демократско владеење, 4,25 за изборен процес, 5,25 за граѓанско општество, 3, 25 за независни медиуми, 3,25 за независно судство, додека 3,00 за корупција. Генералната оценка за демократски прогрес изнесува 3,82 или 47 проценти.
„Фридом хаус“ вели дека тековната криза обезбедува можност да се направи ревизија на процесот на пристапување во ЕУ, и оти „Блокот треба конечно да ги започне пристапните преговори со Албанија и Македонија, притискајќи ја Бугарија да се откаже од приговорите“.
„Дефинитивно, ниту еден хибриден режим во регионот не успеа да ѝ пркоси на гравитацијата на сивата зона од 2002. Во овој период, Албанија, Македонија и Србија флертуваа со либералната демократија, додека Ерменија и Молдавија издржаа авторитарни епизоди, но сите се вратија на хибриден режим до 2021 година“, оценува извештајот.
Во него се споменува и поранешниот премиер Никола Груевски, за кого се вели дека ги отфрлил либералните норми со поткуп на гласачи, прислушување на противниците и пружање отпор против какви било механизми на транспарентност или одговорност.
Упадот во Собранието во 2017 година, организиран од ВМРО-ДПМНЕ, се споменува како претходница за нападот на Конгресот на САД на 6. јануари во 2021 година.
Моментално, вкупно 11 држави се категоризирани како хибридни режими во „Нации во транзиција“.