Македонија доби условен датум за пристапни преговори со ЕУ – еве кои се условите


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Европската унија додели условен датум за отпочнување на пристапните преговори со Македонија за членство во унијата кои би можеле да започнат во јуни 2019 година. Но, тоа би се случило под услов Македонија да го исполни целосно договорот за името со Грција,ги спроведе итните реформски приоритети, и добие нов позитивен извештај од ЕК, како и одлкука на советот на ЕУ.

Ова е заклучојот на Советот на министри на ЕУ по маратонската дебата за проширување на која се разгледуваа препораките за преговори за Македонија и Албанија.Ова беше исклучително важен Совет. Не беше лесно, по 10 часа расправа донесовме решение кое е добро не само за регионот, туку и за ПЈРМ и Албанија, изјави шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева на вешерашната прес конференција.

„Има многу работа да се заврши и како што може да се види од заклучоците на Советот тие се поврзани со условување.Одлуката е со временска рамка за двете земји. Подобро нешто, отколку ништо.“ – изјави Захариева.

Советот на министри очекува фокусот да биде ставен врз реформата на јавната администрација, борбата против корупцијата, судските реформи и реформата на разузнавачките служби. Во јуни 2019, доколку е задржан реформскиот момент во Македонија, многу брзо потоа ќе се свика првата меѓувладина конференција на која фактички ќе почнат преговорите.

„Советот прифаќа да одговори позитивно на прогресот направен во итните реформски приоритети, Пржинскиот Договор и Договорот со Грција и го отвора патот кон отворање старт на преговори во јуни 2019. Советот особено ја нагласува потребата Поранешната Југословенската Република Македонија да продолжи со конкретниот напредок во итните реформски приоритети и да даде натамошни опипливи резултати во борбата против корупцијата, одржување и продлабочување на сегашниот реформски импулс“.

Франција, Холандија и Данска одбиваа секаков датум за преговори за Македонија, бидејќи сметаат дека реформскиот напредок е премногу свеж и се уште не дал
трајни и опипливи резултати. Еврокомесарот Јоханес Хан изјави дека веќе „од утре“ Комисијата ќе почне со процесот на скрининг во областа на владеењето на правото. Тој на Твитер изрази задовоство што Албанија и Македонија сепак ќе почнат пристапни преговори за членство во Унијата следната година.

„Мило ми е што Европскиот совет го осветли патот кон прошитувањето, особено за Албанија и идната Северна Македонија, по долга дебата. Патот кон отворањето на пристапните преговори во јуни 2019 е јасен. Клучен сигнал за регионот дека прогресот е награден, и круцијален за кредибилитетот на ЕУ“. – напиша Хан на Твитер.

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас се обидел да ја смири загриженоста кај своите колеги од трите земји, Франција, Холандија и Данска кои како што вели, побарале Скопје и Тирана да спроведат повеќе реформи пред да се усвојат натамошните чекори.

“Имаше две различни линии. Од една страна, мнозинството од 25 те членки, кои сакаат да ги прифатат и отворат преговорите за Северна Македонија и Албанија до летото 2019 година, а од друга страна, Данска, Франција и Холандија, кои сакаат да ги одложат преговорите. Јасно објаснив како геополитичката и геостратегиската ситуација во регионот бара брза разрешница, а не одложување, за двете земји. Објаснив дека ситуацијата во овие две земји укажува на потреба за стабилност и безбедност, а не нови проблеми“. – изјави тој.

Според европски дипломати, позицијата на Холандија во врска со Македонија била јасна, и покрај позитивниот развој по договорот за името, земјава се уште не ги исполнувала двата основни критериуми за отворање преговори а кои се однесуваат на владеењето на правото и нејзиниот административен капацитет. Макрон веќе порача отворено дека пред ада се прошири Унијата најпрво треба да се реформира. Германскиот министер за Европа, Михаил Рот кој го предводеше блокот на земји кои застанаа зад земјава го напушти состанокот и ги нарече дискусиите за Македонија „разочарувачки“.