Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонската фудбалска репрезентација ќе игра против Полска, Австрија, Израел, Словенија и Летонија, во квалификациите за пласман на Европското првенство 2020 година, одлучи ждрепката која се оддржа во Даблин.
Ждребот сакаше Македонија да биде во најслабата, но и најмалку атрактивна Група Г.
Вкупно 55 репрезентации беа дел од ждрепката, а преку квалификациите на завршницата ќе се најдат 20 селекции. Останатите четири места ќе се потполнат преку Лигата на нации, каде Македонија ќе игра во бараж.
Квалификациите ќе започнат на 21 март 2019 година и ќе траат до 19 ноември истата година година. Директно место на евро завршницата ќе обезбедат првопласираните две селекции од секоја група.
Група Г
Полска
Австрија
Израел
Словенија
Македонија
Летонија