Македонија, Албанија и Косово најкорумпирани земји на Западен Балкан според TI


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Според податоците од најновиот извештај на Transparency International, Албанија, Македонија и Косово се најкорумпираните земји на Западен Балкан.

Рангирани според Индексот на корупција, Албанија е на 99 место на листата, а Македонија и Косово го делат 93 место. Од земјите во регионот по нив следуваат БиХ на 89 и Србија на 87 место, Бугарија на 77, Црна Гора е на 60, а Хрватска на 60 место.

Во извештајот се опфатени 180 земји и територии во светот, а Индексот на корупција го мери нивото на корупција во јавната администрација и се пресметува врз база на 13 истражувања во бизнис секторот и стручни проценки.

Во делот за Македонија во извештајот се наведува дека по падот на владата во 2017 година, очекувањата за антикорупција се високи за земја која што е заинтересирана за отворање на претпристапните преговори со ЕУ. Македонија, како што се вели, неодамна го ревидираше националното законодавство за да ја прошири моќта на Специјалното обвинителство за истражување на случаите на корупција, вклучително и меѓу владините претставници и претседателот.

Во Индексот исто така се оценува дека континуираниот неуспех на повеќето земји значително да ја контролираат корупцијата придонесува за криза на демократијата во целиот свет.