Македонецот Андоновски ќе ги води светските шампионки во фудбал!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Македонецот Влатко Андоновски, тренерот на НВСЛ тимот Рејн ФЦ ќе биде новиот селектор на светските шампиони во фудбал, женската репрезентација на САД.

Уште од претходно се најавуваше дека Влатко Андоновски е помеѓу кандидатите за преземање на американската женска репрезентација која е актуелен светски шампион во фудбал.

Како што пренесува „Спортс Илустрејтед“, Македонецот е подготвен да биде промовиран како нов селектор в понеделник во Њујорк.

Македонсецот ги предводеше Канзас Сити до две лигашки титули во 2014 и 2015 пред тимот да престане да функционира и да се пресели во Рејн ФЦ.

Во Рејн, тој е тренер на ѕвездата на американскиот фудбал, Меган Рапино, која вели дека тој е вистински човек за оваа позиција.

„Најдобрата работа за него е тактичката флексибилност и разбирањето на фудбалот. Не се обидува да игра само еден стил и не е тврдоглав. Сака да победува и знае да постави тактика“, вели Рапино.
Се очекува своите први натпревари како селектор на Американките да ги има во ноември против Шведска и Костарика.