Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
44-годишен Македонец го загуби животот, а уште петмина Македонци беа тешко повредени во сообраќајна несреќа што вчера се случила во близина на Нови Сад.
Според информациите на српските медиуми, автомобилот „Фолксваген шаран“ во кој се превезувале шестмината Македонци, а го управувал 51-годишен возач од Ниш, околу 5 часот вчера утрото излетал од патот и се превртел.
Поради силината на ударот на автомобилот по излетувањето од патот, полицијата го пронашла телото на починатиот десетина метри подалеку од смачканото возило.
По сообраќајката, петмината повредени македонски државјани биле однесени на лекување во Клиничкиот центар на Војводина.
„Двајца од пациентите имаат сериозни повреди, но здравствената состојба е стабилна, а тројца имаат помали повреди. Првите двајца пациенти се згрижени во собата за итни случаи, и другите тројца во ортопедскиот дел. Во тек е интензивен медицински надзор и контрола, по што ќе имаме подетални информации за нивната здравствена состојба“, изјавиле од Клиничкиот центар Војводина за српските медиуми.
Полицијата го уапсила возачот од Ниш и му одредила притвор.