Македонец „виновен“ што Ибрахимовиќ прифатил 3 милиони наместо 100 милиони евра


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ одбил огромна сума пари во фудбалски договор за неговата иднина во фудбалската кариера и тоа поради – Македонец!

Како што пренесуваат медиумите, Македонецот кој живее во САД, Јован Кировски бил причината поради која Златан Ибрахимовиќ го избрал Лос Анџелес Галакси.

Кировски живее во Лос Анџелес и работи како технички директор во Галакси каде што и настапуваше како играч.

Како што тврди Кировски, Ибра имал понуда од Кина која била вредна 100 милиони евра, а најтешкиот дел од преговорите биле оние со контроверзниот агент Мино Раиола.

„Најтешкиот дел од преговорите со Златан беше неговиот агент Мино Раиола. Кога слушна за плататата од 1.5 милион по сезона ме праша да ли сум сериозен. Ибра одлучи дека парите во овој момент не му се важни и го избра Галакси“.

„Дури и после повредата на коленото Кинезите беа спремни да му понудат договор вреден 100 милиони евра, но сепак не избра нас“, изјави Кировски за медиумите во САД.

Во продолжение тој откри и дека неколку пати се сретнал со Ибрахимовиќ и Раиола пред да го договори трансферот и дека Швеѓанецот четири месеци претходно му потврдил дека ќе се пресели во клубот од МЛС лигата.

Ибра со Л.А Галакси потпиша договор на две години според кој вкупно ќе инкасира „само“ три милиони евра.