Македонец уапсен во Србија за кражба и продажба на документи и проекти за муниција


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


По налог на белградското Вишо јавно обвинителство, припадници на криминалистичката полиција, Воено-безбедносната (ВБА) и Безбедносно-информативаната агенција (БИА) уапсиле тројца работници на фабриката „Први партизан” од Ужице и македонскиот државјанин Шефкет Д., инаку сопственик на фирмата „Арс група” од Скопје, пренесува Мкд.мк.

„Вечерње новости” пишува дека имало сомневања дека со продажба на проекти и други важни технички документи од ужичката фабрика, а се однесуваат на производство на оружје и муниција со калибар 12,7 мм, извршиле кривични дела злоупотреба на положбата на одговорно лице и давање мито.

Според првичните информации, двајцата сегашни и еден поранешен вработен, инженер, во фабриката, подолго време недозволено присвојувале и изнесувале техничка документација со цел остварување материјална корист добиена од конкурентски фирми, пред се од Македонија, Катар и Босна и Херцеговина. Весникот пишува дека македонскиот државјанин Шефкет Д. документацијата што ја добил од пензионираниот инженер имал намера да ја искористи за изработка на машини за производство на муниција калибар 12,7 ммво погоните на некогашната фанрика „Сувенир” во Македонски Брод, како и во фабрика во Катар, каде што е косопственик.

Документацијата наводно инженерот ја добивал двајца вработени во фабриката.

На сите четворица одредена им е мерка притвор од 48 часа, поднесена им е кривична пријава и ќе бидат изнесени на сослушување.