Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Педесет и тригодишен Македонец почина на паркинг на ски-центарот Кулино кај Разлог кога ненадејно му се слошило.
Според информациите од бугарските медиуми, човекот починал веднаш на самото место, а кога пристигнале медицински екипи, била констатирана смрт, пренесува „Макфакс“.
Како што пишува весникот „Струма“, човекот паднал пред сопругата и детето. Тие престојувале во Банско, но одлучиле да скијаат во Кулино. Додека се обидувал да ги извади скиите од автомобилот на паркингот, тој се струполил на земјата. Се претпоставува дека причина за смртта е силен срцев удар.
Како што се наведува, семејството одбило аутопсија на телото на починатиот.