Home Актуелно Македонец фатен како шверцува антички предмети стари над 2.000 години на Прешево

Македонец фатен како шверцува антички предмети стари над 2.000 години на Прешево

Српските царински служби, во соработка со српската гранична полиција, изминатиов вторник на граничниот премин Прешево спречија обид за шверц на антички предмети стари повеќе од две илјади години.

Случајот бил откриен кога дежурен цариник и полицаец на влезот во земјата решиле да извршат увид во автомобилот со италијански регистарски таблички управуван од 54-годишен македонски државјанин. Тие откриле дека на задното седиште, во патна торба со лични работи, има и 7 камени предмети од археолошка вредност.

Возачот им кажал на службениците дека предметите ги добил од свој пријател, кој ги открил во близина на Струмица и имал намера да ги однесе во Италија, каде што живее, да го украсат неговиот дом.

Бидејќи се работи за странски државјанин, Прекршочниот суд во Прешево донесе одлука по итна постапка да се казни со парична казна патникот што се обидел да шверцува антички предмети, а со оглед на тоа што вредноста на прекршокот надминува една третина од вредноста на возилото во кое се пронајдени артиклите, задржан е и автомобилот.

Со пресудата исто така е одлучено предметите трајно да се одземат и да му се предадат на Националниот музеј во Врање.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…