Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Дваесет одлики на типичен македонски студент:
1. Твојата диплома не е признаена надвор од Македонија (па да, за да миеш садови и не ти треба диплома)
2. Твоите професори ги читаа истите предавања од 1983 година
3. Ти сѐ уште немаш проблем со алкохолот (само со неговата цена)
4. Ти си гордоста на твоето семејство (кое не зборува добро за своето семејство)
5. Живееш во бајковит свет (Во него по завршувањето на студиите ќе работиш на менаџерска позиција со 1.000 евра плата и службен автомобил)
6. Твојот стан е полн со лебарки ( и самиот се чудиш од што се хранат, бидејќи нема ни трошка леб за јадење во станот)
7. Го славиш 8-ми декември цела недела бидејќи е Студенстки празник (но не се сеќаваш на ништо бидејќи си бил одземен од алкохол)
8. Половина ден ти поминува во возење со автобус (другата половина во чекање на автобус)
9. Си запишал факултет само за да живееш во Скопје (по првиот семестар сфаќаш дека тоа и не е некоја привилегија)
10. Ја водиш девојка ти во Сити Мол само за да разгледа нешто и да се возите на ескалатори.
11. Малку се срамиш од мама и тато пред твоите колеги (иако знаеш дека да не се тие тегли ќе умреш од глад)
12. Не знаеш каде е студентската библиотека, но знаеш каде се наоѓаат сите кафани во радиус од 5 километри.
13. Кога ќе излезеш да се прошеташ можеш и да се изгубиш, но не се грижи, ќе се навикнеш
14. Колешките не ти се баш убави (ама среќа не се пребирливи па одлично си одговарате)
15. Студираш на „Невидливиот Универзитет“ со оглед на тоа што не си го видел откако си го запишал.
16. За 3 месеци работа преку лето во Германија научи повеќе отколку за 3 години на факултетот (и заштеди за голф на старо)
17. За некои испити учиш само една ноќ (на другите едноставно препишуваш)
18. Немаш ни скршен денар во џебовите (но имаш две кутии кондоми и тегла ајвар)
19. Во глобала си против поткупување на испити (но твојот случај е специфичен)
20. За тетката од студентски знаеш повеќе информации отколку што би сакал…