Мајтап

Мајтап од реалноста: Недела, најубав ден

Значи, нема поубав ден од недела за мене-нема!
Иначе и самио збор недела, кажува -не делај! Не работи!….Добро, јас бех на работа, ама за разлика од другите денови кога сум се втора смена, денеска бех прва, и тоа е нешто. Сега сум си дома, офф, убавина, и ќе се одморам кату човек.
Немам ништо работа, освен да направам ручок, да измијам садовите, да уклучам перална, рубите од сабајле шо ги уклучих да ги спрострам да се сушат, да навадам китките, да изнесам кучето, да избришам прашина, да пресмукам, да фрлам ѓубрето, да фатам терасата малко да га зачистам, друго ниииишто немам работа! Ништо друго!
Ебати уживанцијата од ден шо ќе е тава!
Не де лај!
Оу јеах!

Loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top