Мајтап: Најлутите македонски клетви (прв дел)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


1. 99 дена на диета да си, 99 кила да качиш!

2. Аир да не видиш.

3. Акнал та пукнал.

4. Бел ден да не видиш.

5. Бившиот дечко без пудра да те види!

6. Брзата помош такси да ти биде.

7. Во исто време да те фати пролив и кивавица.

8. Да даде бог да ти се врзе јазикот, та збор да не зуцнеш, нем да оди довека.

9. Да даде Господ, да родиш дете без коски, цел живот како пача низ куќа да го собираш.

10. Да даде Господ, децата на мене да ти личат.

11. Да му умре козата на комшијата.

12. Да отидеш во некој хотел кај што WiFiто не дофаќа до вецето!

13. Да се превртуваш во гробот.

14. Да ти се исушат рацете и нозете.

15. Да ти се удави детето во расолница.