Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Благодарение на фотографот Александар Бонефој, односно неговата снимка направена на јапонскиот остров Јакушими, светот го доби вториот доказ забележан со камера за постоење на сексуални односи помеѓу два доста различни и далечни животински видови.
Бонефој на снимката фати обид на еден јапонски макаки полово да општи со сика срна, што доста збуни многу научници ширум светот.
Јапонските макаки и сика елените и срните, инаку, живеат во слога, но дека и меѓу нив може да дојде до сексуални односи досега никогаш не било забележано. Елените ги сакаат овие мајмунчиња бидејќи им тресат овошки од дрвата, додека мајмунчињата ги тимарат елените и ги користат како превоз кој често знаат да го јавнат.
Мајмунчето, исто така, покажа висок степен на нетолеранција кон припадниците од неговиот вид кои се приближија до неговата партнерка, па научниците претпоставија дека тоа штотуку учи за половоста и половите нагони, но ја поставија и теоријата дека тоа можеби нема пристап до мајмунките, поради што се збунило и му се пуштило на срнчето.
За што точно станува збор тешко е да се каже, но факт е дека сика срнчето помина далеку подобро во однос на кралскиот пингвин кој беше силуван од фока. И токму тој инцидент до скоро беше единствениот со камера забележан сексуален однос помеѓу два доста различни и далечни вида.