Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Јапонската подружница на технолошкиот гигант „Мајкрософт“ изминатиот период направи пробен проект четиридневна работна недела во нивните канцеларии. Резултатите од оваа проба велат дека работниците не само што биле посреќни, туку и нивната ефективност и продуктивност биле значително зголемени.
Во август, „Мајкрософт“ во Јапонија го започна проектот со кој на своите 2.300 вработени им даде пет слободни петоци без намалување на платата. Скратените работни недели довеле до поефикасни состаноци, посреќни работници и зголемена продуктивност до 40 отсто.
Како дел од програмата, компанијата планира да ги субвенционира семејните одмори на вработените до 920 долари.
„Работи кратко време, одмори добро и научи многу“, изјави претседателот на „Мајкрософт“ во Јапонија Такуја Хирано.
„Сакам вработените да размислат за тоа и да искусат како тие може да го постигнат истио резултат со 20 отсто помалку работа“.
Покрај зголемената продуктивност, позитивна работа е што користењето на електрична струја се намалила за 23 отсто. Вработените испринтале 59 отсто помалку хартиени листови во пробниот период. Најголем дел од нив, 92 отсто, изјавиле дека им се допаѓа скратената работна седмица.
Ова не е првпат да се тестира скратена работна недела во корпоративниот свет. Во 2018 година, компанија во Нов Зеланд испроба четиридневна работна недела во рок од два месеци со своите 240 вработени. Нивото на стрес се намалило за 7 отсто.