Мајкрософт тврди: Од почетокот на војната Украина 37 пати била мета на сајбер-напад на руските владини хакери


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според извештајот на технолошкиот и IT гигант Мајкрософт, руските владини хакери извршиле најмалку 37 сајбер-напади врз Украина од почетокот на инвазијата.

Истражувачите од технолошкиот гигант рекоа дека дигиталните напади врз Украина започнале една година пред инвазијата и можеби ја поставиле основата за воените мисии.

Исто така, е откриено дека хакерството и воените операции функционираат во тандем, фокусирајќи се на истите цели, но Мајкрософт соопшти дека не е јасно дали има координиран план или тие се само водени од заеднички цели.

На 1 март, денот кога проектил беше истрелан врз телевизиската кула во Киев, медиумските компании беа погодени од деструктивно хакирање и сајбер-шпионажа, се вели во извештајот.

Додека руските сили ја држеа опсадата на градот Мариупол, Мајкрософт вели дека Украинците почнале да добиваат е-пошта од руска организација која се преправала дека е жител на Украина, лажно обвинувајќи ја владата дека ги напушта своите граѓани.