Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Филмот „Inception“ во кино салите премиерно пристигна во 2010 година, што значи дека дебатите и расправите за неговиот фамозен крај траат веќе осум години.
Малку се филмовите чиј крај предизвикал таква дебата и анализа, а вртешката влезе во историјата на филмската уметност со тоа.
Ако не се сеќавате најдобро на крајот од овој филм, тој одеше вака: Ликот кој го глуми Леонардо ДиКаприо, крадецот на соништа Дом Коб, повторно е со своите деца откако е избришано неговото криминално минато. Тој соништата и реалноста ги разликуваше по тоа дали на крајот вртимушката ќе падне (што се случува во реалноста), ја свртува, но гледачите немаат можност да видат дали таа паѓа или не, бидејќи филмот завршува тука.
Тој филмски момент иницираше дебата за среќниот крај на филмот која трае веќе осум години.
Режисерот Кристофер Нолан, пред неколку години, истакна дека не е важно дали Дом и понатаму сонува, туку е важна неговата желба да го игнорира она кое го покажува вртешката и оди да си игра со децата.
„Начинот на кој завршува филмот – ликот на Леонардо ДиКаприо, Коб, е со своите деца, во својата субјективна стварност. Повеќе ништо не му беше важно, од што произлегува можноста дека можеби сите нивоа на реалност се подеднакво вредни. Камерата се движи кон вртешката која затетеравува, а потоа екранот се затемнува“, опиша Нолан на конференција во Принстон, додавајќи:
„Кога и да се прикажува филмот, секогаш си излегувам од кино салата пред да ме зачекаат луѓето, бидејќи публиката секогаш моќно реагира на ова филмско дело, обично со воздишки. Поентата е дека објективно тоа публиката ја интеригира само во апсолутните односи, иако кога јас го гледам филмот, тоа е фикција, вид на виртуелна реалност. Но, прашањето дали сè е сон или стварност е прашање кое најчесто ми го поставуваат за голем број филмови кои сум ги снимил. На луѓето им е важно тоа, бидејќи тоа е поентата на стварноста. Реалноста е важна“.
И додека Нолан и понатаму е мистериозно воздржан, актерот Мајкл Кејн одлучи да проговори за крајот на споменатиот филм.
Пред прикажувањето на „Inception“ на фестивалот Film 4 Summer Screen, актерот кој го играше дедото по сопруга на Дом, професорот Стивен Мајлс, малку го разјасни текот на мислите на режисерот Нолан.
„Кога го добив сценариото за Inception, бев збунет и на Нолан му кажав дека не разбирам каде е сонот. Му реков: Каде е сонот, а каде стварноста? Ми одговори: Па, кога си во сцената, тоа е стварноста. Така што, ако јас сум во сцената, тоа е реалност, ако не сум, тогаш тој дел од филмот е сон“, изјави 85-годишниот актер пред љубопитната публика, пренесува The Independent.
Michael Caine introducing Inception… “If I’m in it, it’s reality” #summerscreen @SomersetHouse pic.twitter.com/FjK7FTNFlI
— Kate Prior (@doctorwibble) August 10, 2018
Со оглед на фактот дека тој се појавува во последната сцена од филмот, испаѓа дека крајот на филмот е дел од реалноста. Обожавателите на ова филмско дело и понатаму не можат да поверуваат дека после осум години конечно слушнаа еден конкретен одговор за фамозниот крај на филмот.