Мајката од Пино Секондо: „Очекувам доживотен затвор за егзекуторите син ми“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


По изјавата во Основното јавно обвинителство во Скопје, мајката на убиениот Пинета Секондо, Маја Трпковска, изјави: „За убијците на мојот син најмалку очекувам доживотен затвор, бидејќи кај нас нема смртна казна. А дел од вработените во полицијата кои останаа глуви на моите апели треба да летаат од работа“.

„Шест месеци викам Ангела Ангела, Ангела, проверете ги телефоните..Со кого збори..Тие од потраги, ништо! Немам зборови..(Сега задоволни сте од истрагата?) Апсолутно. Од крвни деликти и убиства, тоа една екипа од четворица дечки, свака им част.“ – вели Маја Трпковска – мајка на Пинета Секондо.

Видно вознемирена, мајката на Пино не успеа да го заврши исказот во обвинителството. За мотивите за убиството на нејзиниот син, не разговарале, а засега единствено логично објаснување и е дека Пино е убиен од љубомора.

„Тие не смеат да излезат никогаш од затвор и тој другиот кога ќе го фатат, затоа што човечки ум, нарочито од девојка од 22 години, да убие свој другар и шест месеци да нема гајле, да си спие, да си шета, тоа е нечовек тоа е монструм!“ – вели Трпковска.

Пино, по шест месеци од неговото исчезнување, беше пронајден, убиен и закопан во земја во близина на селото Љуботен. Според обвинителство, тој бил застрелан кај Арачиново, а двајцата осомничени заедно го сокриле телото. 22 годишна девојка која е осомничена за соучество веќе е во притвор, но сè уште за неа нема обвинение. 27 годишниот маж пак, кој пукал во Пино е во бегство.