Advertisements
Славни

Мајката на Заниоло има луда идеја, тој и порачува: Само речи НЕ!

Младиот играч за врска Николо Заниоло минатото лето пристигна во Рома како замена за Наинголан и буквално „експлодира“ во дресот на „волчицата“.

19-годишниот Италијанец покажа дека станува збор за еден од најталентираните фудбалери во Европа, па многу европски гиганти веќе покажаа интерес за него. Неодамна со двата гола кои ги постигна против Порто во осминафиналето од Лигата на шампиони, стана најмладиот Италијанец на кој му успеало тоа во најелитното натпреварување.

Сепак, Заниоло стави крај на шпекулациите и изјави дека сака цела кариера да остане во Рома како легендарниот Франческо Тоти.

„Би сакал да станам симбол на овој клуб и мојата цел е засекогаш да остана во Рома. Не се споредувам со Тоти, но би сакал цела кариера да ја поминам во Рома“, изјави Заниоло.

Покрај Заниоло, на Апенините исклучително актуелна е и неговата атрактива мајка. Италијанските медиуми пренесуваат дека играчот ја молел мајката да престане да објавува провокативни фотки на Инстаграм и е против нејзината „рејалити кариера“.

41-годишната Франческа неодамна доби повик за едно популарно реалити шоу во Италија, како „Големиот Брат“ и призна дека е заинтересирана за понудата.

Сепак, Заниоло јасно и сатави до знаење дека е против тоа и пред новинарите и рече: „Треба само да кажеш не“.

Дали Франческа ќе го послуша синот, или сепак ќе влезе во куќата на „Големиот Брат“, останува да видиме.

Advertisements
To Top