Мајката на Милошоски позитивна на КОВИД-19 – Антонио оди во самоизолација


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Светлана Милошоска, мајката на Антонијо Милошоски, на социјалните мрежи објави дека е позитивна на КОВИД-19, дополнително додавајќи дека се чекаат резултатите од тестирањето на нејзниот сопруг, а поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ денес треба да се тестира.

Таа во објавата до пријателите и колегите вели дека има должност да ги извести дека е се разболела од Ковид 19.

„Должност ми е да Ве известам, дека како медицинска сестра вработена во болницата во Кичево, и покрај почитувањето на сите мерки на претпазливост пропишани од нашата медицинска установа, за жал завчера ги почувствував првите симптоми на покачена температура. Направив тестирање во текот на вчерашниот ден и за жал, денешните резултати покажаа дека сум позитивна на вирусот“, вели Милошоска во објавата.

Таа објаснува дека на епидемиолозите им ги посочила сите лица со кои била во контакт. меѓу кои и сопругот и нејзиниот син Антонио.

„На сите колеги медицинари и на сите граѓани кои се позитивни на овој вирус им посакувам што поуспешно да се избориме со оваа пандемија, а пред се со почитување на заштитните мерки и навремено тестирање“, вели Милошоска.