Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Нејзините ќерки Џиџи и Бела Хадид се дел од манекенската елита на денешницата, но Јоланда Хадид е сериозно опасна конкуренција на своите две убавици и на нејзини 53 години. Бившата манекенка на Инстаграм објави фотографија на која позира со свртен грб, облечена во танга гаќички.
Многумина коментираа дека мама Хадид би можела без никаков проблем да ги придружува на модната писта своите ќерки, инаку дел од ангелскиот моден рај на Victoria’s Secret.
Јоланда 15 години се занимавала со манекенство, а ја открила Елиен Форд, основачка на агенцијата Ford Models. Откако се запознала со бизнисменот Мохамед Хадид и се омажила за него, се повлекла од модниот бизнис. Тој брак пукнал, а Јоланда подоцна се омажи за продуцентот Дејвид Фостер, од кој се разведе оваа година.
„Мохамед е добар човек и татко, кога се венчавме имаше две ќерки од претходниот брак. На моја жал, не е верен сопруг, што беше голем удар за моето его. Мислев дека е добар улов, финансиски независен, а во својот семеен живот ја сакав таа улога на сопруга и мајка“, признава во своите мемораи кои ги објави лани.