Advertisements
Вебкафе

Мајката му нашла на малолетниот син пораки од проститутки во мобилниот

Загрижена мајка објавила пораки кои нејзиниот 15-годишен син ги добил од проститутки кои се рекламирале преку страницата backpage.com.

Жената која се претставила како Гема била бесна кога во мобилниот од нејзиниот малолетен син нашла пораки до проститути со прилични детални описи на сексуално искуство. Како што изјави таа за news.com.au, некои од користените зборови морала да ги „гугла“ бидејќи ни сама не знаела што значат.

Сајтот backpage.com, во меѓувреме беше тргнат од интернет. Нејзиниот син лажел за својата возраст и од проститутките барал секс без заштита. Малиот се претставувал како „24-годишен здрав маж кој бара секс услуги од проститутките“.

Гема тврди дека не ги напаѓа проститутките, но загрижена е што нејзиниот син толку лесно дошол во контакт со нив.

„Немам проблем со легалната проституција, знам дека тоа им е работа на некои луѓе Лошо е што сето тоа е толку лесно достапно“, вели таа.

„Не разбирам зошто никој ништо не прави во врска со недостапноста на вакви страници за деца, никому не му е гајле за тоа. Мислам дека и никому нема да му е гајле додека не му се случи тоа на неговото дете“, додава Гема.

Портпаролот на австралиската полоција, пак, вели дека во овој случај нема прекршување на законот.

Advertisements

Најпопуларно

To Top