„Мајката и ќерката“ во акција: Фамозниот бакнеж на Шер и Мерил Стрип


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако се доволно возрасни да се наречат баби, пејачката Шер и актерката Мерил Стрип не се чувствуваат притеснети од годините за да не направат некој „скандалозен“ потег во јавност.

Токму таква ситуација двете славни дами „зготвија“ на премиерата на вториот дел на популарниот мјузикл „Mamma Mia!“ во Лондон која двете оскаровки Шер и Мерил Стрип ја одбележаа со сочен бакнеж.

Фотографите го овековечија овој неочекуван потег, а корисниците на социјалните мрежи побрзаа да ја рашират фотката на 72-годишната Шер и 69-годишната Стрип, со коментари дека не им е баш најјасно што и зошто се случува.

Двете оскаровки во „Mamma Mia!Here we go again“ играат мајка и ќерка, па фановите останаа збунети која е целта на ваквиот, очигледно, ПР потег, за промоција на филмот за кој критичарите велат дека тешко ќе ја достигне славата на оригиналот од 2008 година што заработи над 600 милиони долари на киноблагајните ширум светот.

Во продолжението, покрај Стрип и Шер, играат и Колин Фирт, Лили Џејмс, Енди Гарсија и други.