Мајката го брани Роналдо: Таа жена сигурно не дошла кај него во соба за да играат карти!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Мајката на Роналдо застана во одбрана на својот син поради случајот Мајорга, односно обвиненијата дека Роналдо ја силувал во Лас Вегас во 2009 година.

Мајката на Роналдо тврди дека обвиненијата се лажни.

„Го познавам својот син, не е способен да направи такво нешто, сите што го познаваат знаат дека не е насилник“, изјави Долорес.

„Ако ја видите целата приказна, јасно е дека таа девојка не отишла кај него во соба да играат карте. Секако дека таму се случило она што сите го знаеме, па сега го уценува мојот Кристиано. Нема за тоа да зборувам повеќе, но срамота е тоа што го прави таа девојка“, додаде Долорес.

Меѓутоа, полицијата во Лас Вегас повторно го отвори случајот и бара ДНК од Роналдо. Ѕвездата на Јувентус пак не негира дека имале секс, но тврди дека Мајорга се согласила на тоа.