Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кога Џенифер Дилан дошла на пријавницата на затворот за да го посети својот син кој се наоѓа зад решетки, и самата била уапсена откако полицијците, на основа на нејзината лична исправа, утврдиле дека за неа постои активна потерница.
Сега и Џенифер (38) и нејзиниот син Кристијан (20) во затворот во округот Ли чекаат на судење подоцна месецов, пренесува Дејли њуз.
Ова е инаку, 12. пат Џенифер да е уапсена во последните 11 години. Последната потерница за неа е издадена по четири обвиненија за проневера, две за ситна кражба и повеќе други обвиненија, наведува Ен-Би-Си 2.
Нејзиниот син Кристијан е уапсен поради помагање во убисто во голема кражба изминатиот месец.
Кристијан Дилан ќе се суди на 9. јули, а неговата мајка три недели подоцна.