Мајка ѝ наплаќа кирија на својата петгодишна ќерка


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Една објава на социјалната платформа Фејсбук пред некој ден привлече големо внимание, предизвикувајќи лавина од коментари со поделени ставови.

„Мојата петгодишна ќерка мора да плаќа кирија и месечни сметки“, напиша мајката во објавата која ја разбранува Фејсбук заедницата.

„Секоја недела таа добива од нас по седум долари, од кои пет треба да ни ги врати. Има пет години, па се обидуваме да и објасниме дека во реалниот свет повеќето луѓе своите пари ги трошат на сметки и живот, па им остануваат многу малку за себе.

Затоа од неа ги бараме назад тие пет долари. Еден за кирија за станот, еден за вода, еден за струја, еден за телевизија и еден за храна. Остатокот од два долри е нејзин и со нив може да прави што сака – да ги троши или да ги штеди.

Таа, секако, не знае дека овие пет долари што ги земаме не одат вистински за стан и сметки, туку во нејзината штедна касичка која ќе може да ја отвори на нејзиниот 18-ти роденден. Тогаш ќе ги добие своите 3.380 долари, па ако на тие години сака да се пресели и да почне да живее сама, тие пари ќе бидат од голема помош за неа за таков почеток“, објаснува мајката.

Дел од Фејсбук заедницата која налета на оваа објава се воодушеви од идејата, сметајќи дека на тој начин детето ќе биде подобро подготвено за животот и ќе научи да ги цени парите. Друг дел, пак, смета дека ова е претерано строго и дека детето е премало за таков стрес.