Мајка на годината: Погледнете како ги скроти разузданите возачи на улиците


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Немам поим кој ја поставил лажната камера, но го забави сообраќајот и им овозможи на локалните жители побезбедно минување на улиците. Оттука, ова е добра работа“, вели еден локален жител коментирајќи го поставувањето на лажната камера на една улица во британски Беркшир.

Споменатата лажна камера воведе ред во сообраќајот на улица во споменатиот град. Возачите на тоа место забавуваат и возат со нормално пропишана брзина благодарение на една жена која камерата ја направи од жолти штици и лимена кутија, па ја постави на приватен имот со што не прекрши никаков закон и правило.

Лажната камера се појави откако локалните жители почнаа да се жалаат дека не можат да ја преминуваат безбедно улицата поради преголемите брзини со кои се вози таму. Но, власта остана глува на нивните апели и поплаки. На тоа најдобро и најпрактично реагираше една мајка (како што претпоставуваат локалците), која стравувала за безбедноста на своите деца.

Според податоците од локалната сообраќајна канцеларија, на патото А338 на кој се појави камерата, просечно во денот врват повеќе од 1.800 возила, од кои половината возат со брзина над дозволената.

На тоа се јавија и правниците од Беркшир, кои велат дека, сепак, камерата не смее да биде поставена таму каде што е, бидејќи во случај да го одвлече вниманието на возачот, може да биде причина за сообраќајна несреќа. Поради тоа, тие препорачуваат истата да биде отстранета.