Мајка му го оставила и завршила во затвор, а тој денес е ѕвезда на „Етихад“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ова лето во Премиер лигата пристигна со помала помпа отколку Погба, Ибрахимовиќ и останатите ѕвезди, но Нолито се покажа како вистински погодок за Манчестер Сити.

За жал, играчот кој дојде од Севиља и стана ѕвезда во Премиер лигата носи тешко животно бреме. Имено, англиските таблоиди деновиве ја пренесоа грозната животна приказна на Нолито.

Го одгледале баба му и дедо му, кои ги смета за свои родители, откако мајка му морала да го остави кога е осудена на затворска казна. Била зависничка на дрога, а моментално за живот заработува просејќи пред супермаркет.

Нолито живеел тешко со баба му и дедо му, често имале само хуманитарна помош, па тој морал да почне да работи уште на 13 години. Добил работа во месарница каде заработувач 30 евра неделно. После десетина часа на работа, на вечер одел на тренинг.