Мајка го моли крадецот: „Врати ми ја само косичката од мојата почината ќеркичка“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристи Болдвин беше цел на грабеж во кој крадец ја украл нејзината торба со лични ствари од нејзиниот автомобил, па таа јавно му се обрати со трогателно барање да врати само една работа од украдената ташна, која за неа има поголемо значење од сите пари на светот.

Станува збор за кичер косичка од нејзината ќеркичка Ели Луис која починала пред шест години од бронхијално воспаление на белите дробови на само 2-годишна возраст. Кристи кичерот косичка од нејзинта почината ќерка оттогаш редовно го носела во својата торба.

Торбата од Кристи била украдена во ноќните часови од нејзиниот автомобил, а полицајка од Манчестер, каде се случил овој немил настан, изјави дека грабежот многу ја потресол Кристи и нејзиното семејство.

Разбојникот 35-годишната Кристи го опишала како „запуштен белец на возраст меѓу 40 и 50 години, со долга темна коса врзана во опавче“. Тој ја отворил совозачката врата и ја зграбил нејзината лична торба пред Кристи да успее да го заклучи автомобилот и да си ги земе своите ствари.

Во торбата имало и таблет, поголема сума пари, но и малечко торбиче во кое била отсечената руса косичка од Ели, ламинирана на картичка. Болдвин вели дека тоа е „единственото нешто кое останало од нејзината ќеркичка“.

„Ако некој ја пронајде косичката прикажана на фотографијата, го молам да направи добро дело и да ја однесе во најблиската полициска станица. Фала“, истакна потресената Британка.