Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
После тоа што сопругот секој ден и зборувал дека „ужива во слободниот ден“, Гема Челмерс, домаќинка и мајка, снимила видео кое трае 8 минути, а покажува како всушност изгледа нејзиниот ден.
„Мојот сопруг започна свој бизнис и навистина работи многу, но во исто време мисли дека јас немам многу работа. Тоа ми здодеа и помислив да му докажам дека не е во право“ вели таа.
На почетокот на видеото го спрема својот син Кејли за во игротека. Додека е тој во игротека, таа цело време чисти во куќата. После тоа го заспива, прави ручек, па потоа го носи на говорни вежби.
После објавувањето на видеото добила многу позитивни повратни информации од другите премногу зафатени родители кои и заблагодарија што го снимала всушност и нивниот ден.
„Поради ова господине Џонс немој повеќе да ми зборуваш да уживам во слободниот ден или да ме прашуваш што работев цел ден. Одговорот е бев мајка цел ден“ му порачува Гема на својот сопруг.