Мајка и четири деца изгореа во пожар во Тетово


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според првичните неофицијални информации мајка и нејзините четири деца загинаа во пожар што избувнал утринава во нивната куќа во населбата Поток во Тетово.

Фатиме Зулбеари била на 38 годишна возраст, додека нејзините деца на возраст помеѓу 4 и 13 години. Станува збор за три машки и едно женско дете.

Пожарот избувнал околу 4 часот утринава и зафатил неколку куќи. Во моментот се уште трае увид на обвинителството и полицијата.