Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откако Канје Вест на гостувањето кај Џими Кимел јавно проговори за својата борба со биполарното пореметување, славниот боксерски тешкаш Мајк Тајсон му порача дека е време да почне да пие лекарства за тоа.
„Почни да ги пиеш тие ебени лекови“, му порача познатиот боксер откако и сам се отвори за своите психички проблеми во интервју за радиото Real 92.3.
Тој откри дека пред 15 години и него му било дијагностицирано биполарно пореметување.
View this post on Instagram
„Знаев дека нешто не е како што треба бидејќи имав напади на бес без никаква причина. За ова можеме да зборуваме со часови, но сето тоа се сведува на ова: почни да ги земаш ебените лекови. Јас не би бил овде да не почнев да ги пијам“, му порача Тајсон на Вест.
На прашањето дали мисли дека Канје навистина е биполарен, Тајсон изјави:
„Не знам што е Канје, но тој е интересен лик. Навистина е храбар кога може да ги зборува сите тие лудости“.