Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Благодарение на модерната ласерска технологија, од страна на група археолози беше откриена огромна мајанска оставштина која ја криеја џунглите на Гватемала.
Над 60.000 градби, дел од мегалополис на Маите, беа лоцирани под густата џунгла на Гватемала, со помош на најсовремената ласерска технологија. Со тоа, ова претставува најголемо откритие поврзано со Маите во последните 150 години.
Палати, воени тврдини, патишта, темели од живеалишта и бедеми се само дел од арихтектонската оставиштина на Маите која беше откриена во гватемалските џунгли.
Претходно се сметаше дека на таа територија живееле околу 1 милион Маи. Но, според водечкиот истражувач во овој проект, Франциско Естрада-Бел, новите откритија упатуваат дека таа брока била погрешна и дека таму најверојатно живееле помеѓу 10 и 15 милиони припадници на Маите.
Целосното откритие за јавноста ќе биде претставено во новиот документарен филм „Lost Treasure of the Maya Snake King“, кој на National Geographic ќе биде прикажан на 6 фебруари.