Маја Шупут „ИЛЕГАЛНО“ растура на YouTube – шести најгледан спот во регионов


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


После една недела најавување, Маја Шупут вчера го објави спотот за песната „Илегално“, а со оглед на тоа дека досега е прегледан над 180.000 пати и е шести по гледаност во регионов, очигледно дека патот до Дубаи и високите продукциски трошоци беа исплатливи.

Спотот е сниман на атрактивни локации како Nikki Beach Resort & Spa во Дубаи, кој се наоѓа во самото срце на квартот Јумеира во пустината, а фановите на Шупут повеќе од екстериерот ќе ги воодушеват жешките кадри од видеото.