Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Благодарение на стабилното време, слабото јужно струење, снежната покривка и низа други помали фактори, маглата од котлините од четврток ќе си ја провлечеме и во петок наутро.
Но, за разлика од четврток, во петок нема да имаме ведро време на планините, туку ќе очекуваме облачно време, а во шарско корабскиот масив крај и со повремени врнежи кои до височина околу 1600 метри ќе бидат од дожд а на поголемите височина од снег.
Можна е појава на повремен слаб локален дожд и во охридскиот, дебарскиот, кичевскиот и полошкиот регион.
Наутро ќе имаме претежно негативни вредности на температурата, но не пониски од минус 5 Целзиусови.
Температурата низ поголем дел од котлините заради маглата и ниската облачностќе стагнира и ќе има врености во границите помеѓу 4 и 6 степени. Потопло ќе биде на повисоките места, од 7 до 10 степени, додека на југоисток максималната температура ќе достигне до 14 степени.
Скопскиот крај повторно очекува магливо утро и претпладне, додека попладене ќе преовладува облачно време. Утрото носи минимална температура околу минус 5 Целзиусови, а максималната температура нема да надмине 5 степени.