Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кинезите го претставија нивниот нов ултрабрз воз „маглев“ (кратенка од магнетна левитација), што, според конструкторите, може да развие брзина од 600 километри на час.
Возот е развиен и произведен во Кина, во крајбрежниот град Ќингдао, и е најбрзото копнено возило во светот, според кинеските медиуми. Возовите се движат така што лебдат над шините, користејќи магнети кои создаваат подигнување и потиснување. Кина ја користи оваа технологија две децении, но во многу ограничена мерка. Така, сега Шангај има „маглев“ што поврзува еден од аеродромите со градот. Досега во Кина нема маглев линии на долги растојанија, но некои градови, вклучувајќи ги Шангај и Ченгду, почнаа со истражувања и во таа насока.
Со брзина од 600 километри на час, на возот би му требале само 2,5 часа да стигне од Пекинг во Шангај, а тоа е растојание од над 1.000 километри. За споредба, патувањето со авион трае три часа, а со обичен брз воз – 5,5 часа.
Возовите „Маглев“ се иднината и, многу земји – од Јапонија до Германија, планираат да градат „маглев“ железнички мрежи. Но, тоа засега е попречено од високата цена на оваа технологија и несовпаѓањето со постојната инфраструктура.